Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север, вчера во 19.40 часот во с.Табановце на крстосница кон с.Лојане, ги привеле Б.Р.(41) од с.Матејче, липковско, и Љ.Љ.(32) од Куманово.
„При преглед во патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал Б.Р., а сопатник бил Љ.Љ., биле пронајдени две лица мигранти од Непал. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.