Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Две лица се приведени за кријумчарење на 40 мигранти, кои беа пронајдени пред два дена во напуштени објекти во селото Горно Којнаре.
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР до надлежното ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против М.А.(27) и А.Х.(20), двајцата од Пакистан, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“, по член 418-б од Кривичниот законик.
Како што информираат од МВР, на 22.12.2021, по преземени мерки и активности на автопатот Куманово – Табановце, во напуштени објекти во село Горно Којнаре, кумановско, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал пронашле 40 лица – мигранти од кои 21 лице од Индија, 15 од Сирија, две од Пакистан, и по едно лице од Мароко и Турција.
Меѓу откриените лица, тројца од нив биле малолетни. Било утврдено дека М.А. и А.Х., кои биле дел од групата, ја организирале групата и за финансиски надомест на лицата требало да им организираат илегален премин на македонско- грчката граница.
Во текот на денот М.А и А.Х. ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка, додека останатите лица се сместени во Прифатен центар.