×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Приведени лицата што го сквернавеле гробот на градските гробишта во Куманово

    13.10.2021 10:02 | Сузана Николиќ

    Три лица се приведени поради соменение дека го раскопале гробот на  градските гробишта во Куманово.

    Приведени лицата што го сквернавеле гробот на градските гробишта во Куманово

    Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 17 часот го лишиле од слобода Д.П. (30) од Куманово. 

    „По преземени мерки добиени се сознанија дека на 11.10.2021 заедно со Р.С. (30) од Куманово и Б.Н. (32) од Куманово, кои биле пуштени на викенд од Казнено - поправната установа „Идризово“ извршиле сквернавење на гроб“, соопштува СВР Куманово. 

    По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

    Според извор од истрагата, станува збор за вечно почивалиште на девојка, која минатата година загинала во сообраќајна несреќа во скопски Илинден.

    Гробното место било ископано целосно и многу длабоко, потврдиле од истрагата.