Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Приведени се петмина кумановци, затоа што нападнале двајца малолетници во угостителски објект на улицата „Ѓорче Петров“ во Куманово.
„Вчера, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Д.В.(19), Д.Ѓ.(24), Б.Д.(27), М.П.(24) и Н.С.(19), сите од Куманово, затоа што на 04.01.2025 во угостителски објект на улицата „Ѓорче Петров“ во Куманово физички нападнале двајца
малолетници. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави“, соопшти МВР.