×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Привршува изградбата на современото кошаркарско игралиште во Куманово

    21.08.2020 10:07 | KumanovoNews

    Привршува изградбата на современото кошаркарско игралиште, коешто се наоѓа во близина на Спортската сала во Куманово.

    Привршува изградбата на современото кошаркарско игралиште во Куманово

    Станува збор за комплетно опременo игралиште за уличен баскет 3х3 со подлога, осветлено со штедливи светилки, клупи и корпи за отпадоци, ќе биде заштитено со висока ограда.

    Како што велат од општината, игралиштето нема да се наплаќа, а се очекува да биде пуштено во функција за околу две недели.

    „Доколку дозволат временските услови се очекува игралиштето да биде готово за две недели. За поставувањето на специјалната подлога и исцртување на теренот потребни се стабилни временски услови. Игралиштето ќе биде за уличен баскет 3х3, осветлено со рефлектори, ќе има клупи за играчите, а и ќе биде оградено“, вели Александар Крстевски од Општина Куманово.

    Изградбата на кошаркарското игралиште се спроведува со средства од Агенцијата на млади и спорт.

    (Ф. Марковска)