Привршува жетвата на јачмен
08.07.2013 12:15
| KumanovoNews
Во кумановскиот регион 95 отсто од посевите со јачмен се ожнеани и за разлика од лани има двојно поголеми приноси по хектар.

Во Студена Бара иако има добра почва просекот е слаб и изнесува три тона по хектар. Во Режановце, Речица и Лопате просекот се движи од 3.5 до 4.5 тона по хектар. Во Облавце и Бељаковце приносите на јачмен се од 3 до 3.5 тона на хектар земја. Клечовце има просек од 3 до 4 тона, во Пелинце 3 тона, во Степанце 2 до 3 тона, Умин Дол 4 тона.
Житата земјоделците обично ги продаваат во локалните млинови или ги складираат.
Во тек е жетвата на пченица која за десетина дена треба да заврши.