×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Признание за фризерското студио „Нате“ за успешно претставување на саем во Софија

    14.09.2022 09:59 | KumanovoNews

    Фризерското студио „Нате“ од Куманово доби диплома и пехар за успешно претставување на својата креативност и на македонскиот фолклор на Интернационалниот фестивал на фризура, мода и убавина, кој викендов се одржа во Софија, Бугарија.

    Признание за фризерското студио „Нате“ за успешно претставување на саем во Софија

    Сопственичката Наташа Додевска објаснува дека на саемот, покрај со фризура и шминка, имала свое шоу проследено со музичка кореографија.

    „Оваа манифестација беше поинаква од сите останати на кои што досега сум учествувала. Но, ова е нешто посебно, на повисоко ниво. Покрај тоа што имавме натпреварувачки дел сите учесници имаа можност да направат шоу на нацијата, на кое ја претставиме државата од каде што доаѓаме. Јас бев единствен претставник од Македонија и покрај делот од мојата професионална работа со фризура и шминка, го претставив и фолклорот на мојата земја“, вели Додевска.

    Таа раскажува дека нејзиното шоу траело 30 минути и предизвикало големо внимание и честитки од останатите учесници и публиката. Во реализација на точката и помогнале моделите Анастазија Јовановиќ и Магдалена Васевска, етнокореолог Марко Младеновски и кореографот Наталија Ѓуровска, како и играорци од КУД „Карпош“.

    „Бев пресреќна за тоа што имав можност да се претставам со свое шоу. Постојано посетувам саеми и семинари, работам посветено и сакам да екпериментирам, да внесувам новини и да бидам во чекор со новите трендови. Сето тоа ми беше поттик да соберам храброст и да учествувам на еден поинаков начин“, додава Додевска.

    На саемот учествувале големи престижни фризерски имиња од Европа и Балкан. Имало колеги од Турција, Бугарија, Данска, Италија, Албанија, Франција.

    „Овие фестивали и саеми се места каде се разменуваат искуства, каде сите учесници и ги покажуваат свои достигнувања и квалитети во светот на фризерството. Но, ова натпреварување ме натера да размислувам дека можеби е време да организирам фестивал на фризери и козметичари во Куманово, да ги поканиме нашите колеги од регионот и пошироко, да го промовираме нашиот град и земјата. Верувам дека оваа моја идеја ќе добие поддршка од Општина Куманово, Занаетчиската комора и бизнис заедницата“, вели Додевска.  

    Студиото „Нате“ работи од 2001 година, а од пред пет години има регистрирано Академија за фризери, прва во градот, која е лиценцирана од Министерството за образование. Низ оваа академија веќе поминаа голем број на ученици и практиканти. За својата работа Наташа Додевска има освоено многу награди, признанија, дипломи и медалји.

    (комерцијален текст)