Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Црвен Крст Куманово додели признанија и благодарници на редовните крводарители, кои дарувале крв по 5,10,25 ,50 и 75 пати, заклучно со 2014 година.
Свеченоста беше организирана по повод Денот на Црвениот крст и Денот на доброволното дарување крв. Благодарници добија сите поединци, фирми, организации кои организираат крводарителски акции.
“Задоволни сме од бројката на крводарувања, која последниве 5-6 години рапидно расте не само на подрачјето на Куманово, туку воопшто на територијата на цела држава“ - изјави Нухи Јусуфи, претседател на општинската организација на Црвениот крст.
На 40 крводарителски акции кои ги организираше Црвениот крст Куманово лани, регистрирани се 2.700 крводарувања.