×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Повеќе од 3.000 билети продадени за два дена за Денови на комедија

    23.09.2024 10:14 | Оливера Пешевска

    За Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедијата 2024“ во првите два дена, петок и сабота откако започна продажбата, продадени се повеќе од три илјади билети.

    Повеќе од 3.000 билети продадени за два дена за Денови на комедија

    Се уште има слободни места и билтераницата продолжува да работи и во деновите од фестивалот.

    Кумановската публика веќе се навикна на долгите редици па мирно си чекаше, призор кој наликува на светските метрополи и големите театарски куќи. Иако се најавуваше во последните неколку години се уште не е воведена интернет продажба, затоа што таквата услуга значително би ја зголемила цената на билетите, според проценките и за повеќе од 50 отсто.

    „Па многу позгодно би било да можат да се купат онлајн карти, но свесен сум дека постарите не би можеле да набават. Најважно е да успеам да купам, и не е проблем да почекам, билтераницата работи без прекин, нема место за револт“, истакна Љ.М. кој со сопругата планира да одгледа дел од репертоарот.

    Поради големиот интерес, од пред три години ограничено е купувањето на по два билета, по принципот „прв дојден, прв услужен“. 

    Наградата „Васил Иљовски“ на „Денови на комедијата“ се воведе од 2017 година и досега признанија добиле: Љубица Гојковиќ, Ѓорѓи Андов, Илија Струмениковски, Шенка Колозова, Стојна Костовска, Благоја Чоревски и Коле Ангеловски.   

    „Откако фестивалот доби награден карактер подигнато е нивото на квалитет што се нуди на програмата. И тетатарските куќи од регионот не нудат претстави кои се исклучиво со комерцијален карактер, туку продукции за кои се надеваат дека ќе ги задоволат уметничките критериуми на жирито. Комедијата како жанр создава и дела кои се сатирични, саркастични или иронични и се надевам дека изборот на претстави ќе го задоволи вкусот на посетителите“, истакна директорот Сашо Тодоровски.

    Фестивалот започнува утревечер, 24 септември со претставата на велешкиот театар „Вечера за глупаци“, а на свеченото отворање ќе се додели наградата „Васил Иљоски“. Лауреат е Сашко Коцев, и ја добива за особен успех во комедиографијата. Во наредните денови следуваат претставата „Секс, лаги и љубомора“ на Народен театар Охрид, „Фустан за бегство“ на Драматичен куклен театар од Враца, Република Бугарија, „Аутопут Сагбама“ на Позориште „Боро Станковиќ“ од Врање, Србија, „Пар распар“ на Театар Комедија од Скопје, „Итроштините Патук“ од Тетовскиот театар, „Се бара нов маж“ од Куклен театар Плевен, Бугарија, „Мажи во влечки“ на албанската драма на Театар Куманово, „Женидба“ на Народен театар Штип, „Кокошке“- Народно позориште од Ниш. На 8 октомври ќе биде изведена премиерата на „Ноќ спроти Водици (Како што сакате)“ на Театар Куманово кој традиционално ја затвора фестивалската програма со нова претстава на репертоарот.

    Затворање на фестивалот е на 9 октомври, кога ќе бидат доделени овогодинешните награди.