×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Продавале делови од украдени коли

    05.12.2014 16:18 | KumanovoNews

    Н.Ш.(58) од Оризаре и Т.Ж.(71) од Скопје, откако излегле од затвор краделе коли, по што ги растурале и продавале во делови.

    Продавале делови од украдени коли

    Двајцата пријатели соработкакта ја започнале пред два месеци, кога Н.Ш. украл голф 4 во населбата Крњево, по што го однел на отпадот на Т.Ж. во село Петровец. Возилото го растуриле и дел од деловите ги продале, а шасијата ја исекле и ја продале во старо железо. Кога полицијата извршила претрес во отпадот најдени се повеќе делови од растурени возила, како моторот од голф. Т.Ж. признал дека со липковецот се запознале во затвор во Скопје, додека издржувале казна и се договориле да крадат, растураат возила и да ги продаваат во деловите. Во отпадот била пронајдена тетратка и два бележника за украдените делови, каде пишувало по колку пари се продадени. При тоа било утврдено дека двајцата незаконски заработиле по 280.000 денари.

     На Т.Ж. му е одредена мерка притвор од 8 дена, а Н.Ш. е во бегство. Против нив се поднесени кривични пријави за сторено кривично дело тешка кражба.