×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Продажбата на зејтин ограничена на едно пакување дневно по купувач

    14.04.2022 17:52 | Сузана Николиќ

    На секој поединечен купувач кој ќе купува масло од сончоглед за јадење во трговските објекти, во текот на денот ќе биде ограничена продажбата на мала количина во единечно пакување, објави министерот за економија Крешник Бектеши.

    Продажбата на зејтин ограничена на едно пакување дневно по купувач

    Министерството за економија вчера ги известило сите трговци да ја ограничат продажбата на масло за јадење со цел да се избегне пореметувања од непотребна појава на недостаток на масло од сончоглед кај трговците на мало. Ограничувањето е со важност до 31 мај.

    „Поради значајниот пораст на купување на масло од сончоглед за јадење од страна на домашни купувачи во однос на редовната потрошувачка на маслото од сончоглед за јадење во домаќинството, како и странски купувачи, со што се нарушува редовното снабдување на домашниот пазар, Министерството за економија во текот на вчерашниот ден достави известување до сите трговци да ја ограничат продажбата на масло за јадење. За да се одржува тековната состојба на домашниот пазар со масло од сончоглед за јадење во продавниците и да се избегне пореметувања од непотребна појава на недостаток на масло од сончоглед за кај трговците на мало, ограничувањето по купувач ќе важи до 31 мај 2022 година“, вели министерот за економија Крешник Бектеши.