×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Продолжен рокот за поднесување на земјоделски субвенции

    03.06.2010 12:37 | KumanovoNews

     Поднесувањето на барања за земјоделски субвенци е пролонгирано до крајот на месецот. Ваквата одлука е донесена поради големата заинтересираност на земјоделците за добивање на финансиска подршка од државата.

    Продолжен рокот за поднесување на земјоделски субвенции

     Рокот за поднесување на барања во интерес на земјоделците е пролонгиран до 30 јуни. Со оглед на тоа што се работи за најголем регион во Македонија,приемот на апликации во подрачната единица во Куманово се одвива со зголемена  динамика  така што заклучно со денешниот ден има примено 6870 барања за растително и сточарско производство - вели Ивица Анѓеловски од Подрачната единица на министерството за земјоделие.

    Во моментот се врши прием и на документите за кравјо млеко во регистрираните млекарници. Рокот за поднесување на овие барања е до 15 јуни, а заклучно до денес има примено вкупно 370 барања од регионалните млекопроизводители.

     Корисници на овие мерки се сите семејни земјоделски стопанства и правни лица кои ги исполнуваат општите услови за аплицирање. Потребно е да се запишани во единствен  регистар на земјоделски стопанства кое се води во Подрачните единици на министерството за земјоделство, да имаат поднесено комплетно барање за користење на средства во предвидените рокови, подмирено обврските и надоместоците кои призлегуваат од склучени договори за користење на државно земјоделско земјиште и надоместоците за добиена механизација од програмата за зголемување на производство за храна во Р.Македонија од Јапонска помош.