Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Со задоцнување од година ипол во мај конечно ќе продолжи гасификацијата во Куманово. Од ЈП„Куманово - гас„ се надеваат дека ГАМА овојпат ќе го исполни ветувањето и ќе ја постави мерно-регулационата станица од 6.000 кубни метри, бидејќи е должна по Законот за енергетика да изврши приклучок на главниот вод.
Со тоа ќе се создадат услови за понатамошно ширење на нашиот систем и мрежа во која ќе почне приклучувањето на првите потрошувачи во централното градско подрачје - вели Момчило Мирчевски,директор на ЈП „Куманово-гас“.
Благодетите на гасот први ќе ги почувствуваат најголемите потрошувачи: државните институции градинката „Синоличка„ ,училиштето „11 Октомври“, Домот за стари лица, Житомел,полицијата и др.
Гасификацијата на целата општина се планира да биде завршена за 4 до 5 години. Капиталниот проект ќе чини 10 милиони евра, кој досега се финансира исклучиво со сретства од локалната самоуправа.