Продолжува изградбата на водоводната мрежа во Липково
        16.02.2015 08:55
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      И годинава ќе продолжи изградбата на водоводната мрежа во општина Липково, проект кој го финасира државата.
                  Досега е изградена мрежа од село Липково до Оризаре, а потоа ќе се работи од Липково до селата Лојане и Никуштак.
“Завршен е мал дел од проектот, кој чини 7 милиони евра. Водоводот се гради со држави пари, а општината помага колку има моќ. Во општина Липково од 22 населени места ниту едно нема водовод,со исклучок на неколку селски водоводи„ - рече Неџати Османи, секретар во општина Липково.
Мештаните вода користат од бунари или од водоводи кои самоиницијативно ги граделе.


                  
                  
                  
                  
                  
                  



