×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Продолжува уписот на нови корисници во Ученичкиот дом „Професор Мијалковиќ“

    16.08.2024 11:30 | KumanovoNews

    Ученичкиот дом „Професор Мијалковиќ“ продолжува со упис на ученици за учебната 2024/2025 година, а до сега е комплетирана документацијата на само 8 од нив. Целокупниот капацитет е 120 ученици, последниве години запишуваат помалку од половината предвидени. Минатата година имале 55 корисници.

    Продолжува уписот на нови корисници во Ученичкиот дом „Професор Мијалковиќ“

    Очекуваат да запишат 40-тина ученици од целиот североисточен регион - Старо Нагоричане, Ранковце, Кратово, Крива Паланка, а исклучок се децата од општина Липково.

    „Минатата година имавме 55 корисници, слична состојба очекуваме и годинава. Трендот на намалување на учениците во училиштата не следи и нас, секоја година се помалку деца се заинтересирани за престој во домот. Пред само 4 години имале повеќе од 90 ученици“, објаснува директорката Љубица Павловски.

    На овие бројки влијае и бесплатниот автобуски превоз и отварање на нови насоки и смерови во средните училишта во соседните општини. На пример, осетно е намалувањето на средношколците од Крива Паланка откако и во нивната гимназија е отворена здравствена струка - општа медицина или некој профил од електротехничките занимања.

    Од друга страна имаат и значително намалување на бројот на вработени по основ на пензионирање, па излегува дека имаат корисници токму колку треба за да се држи под контрола домот и се да биде во ред.

    „Децата се добри, пристојни, примерни, го почитуваат домскиот дневен ред. За непречено функционирање ни требаат 4 воспитувачи, имаме само еден. Сите учествуваме и работиме се, надвор од описот на нашата работа и ингеренции, и јас, благајникот, готвачката. Никако да добиеме согласност за нови вработувања“, истакна Павловски.

    Проблемите се од финансиска природа, добиваат средства по број на ученици колку сместуваат. Но, финасирањето им се прекинува во јули и август за време на распустот за што сами се снаоѓаат или остануваат без личен доход. Со воведување на проектот народна кујна од социјалната програма на Општина Куманово ситуацијата во летните месеци е малку постабилна.

    Ученичкиот дом „Професор Мијалковиќ“ средствата за изведување на работниот процес ги добива преку Министерството за образование и наука, додека административниот дел, вработувањата и функционирањето се под надлежност на локалната самоуправа.