Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Општината Старо Нагоричaне ќе се реализира проектот “Да се задржат младите во прекуграничниот регион – new Y4Y”, кој е наменет за реконструкција на старата зграда на училиштето „Светозар Марковиќ„ во селото.
Новата реконструирана зграда ќе има функција на тренинг центар, каде ќе се стави во функција софтвер за анализа на пазарот на трудот и со преквалификација на стручен кадар ќе се овозможат вработувања на млади лица во постоечките индустриски и производни капацитети во Општината. Тоа ќе придонесе зан задржување на младите лица да живеат и работат во родната средина- вели градоначалникот Миодраг Јовановиќ.
Проектот ќе трае од јули 2012 до јули 2014 година, а ќе го реализира стручен менаџмент тим на Евро Центар Консалтинг од Свети Николе. Носител на проектот е Општина Старо Нагоричане, а партнер на проектот е Општина Рила од Република Бугарија. Вкупниот износ на средства за реализација на проектот изнесува 466.350,51 евра.
Општина Старо Нагоричане е една од неколкуте општини во Република Македонија кои потпишаа договор за финансирање од Европската Унија. Средствата за реализација на проектот се од ЕУ Програмата ИПА Втора компонента – Прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Македонија.