Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Центарот за јавно здравје Куманово доставило допис до општинските служби дека водата од чешмите во селото Проевце(голем чеп) е неисправна за пиење.
„Врз основа на дописот од Јавна здравствена установа – Центар за јавно здравје – Куманово до Општина Куманово, се известуваат граѓаните, дека водата од чешмите во с. Проевце – голем чеп, по направените анализи не е безбедна за пиење“, соопштуваат општинскте служби.
Лабораториската анализа е направана на 19 август, а по добиените резултати на 22 август констатирано е дека водата е неисправна за пиење.
Примероците се земени согласно националната програма за Јавно здравје, со цел да се согледа здравствената исправност на јавните чешми во село Проевце, и се дел од редовните годишни проверки.