×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Професорите од „Сами Фрешери„ бараат ново училиште

    14.11.2012 16:39 | KumanovoNews

      Советот на родители и наставници од гимназијата „Сами Фрешери„ бараат Општината Куманово да го дислоцира училиштето од зградата на поранешен ЗИК , бидејќи постоечките капацитети не дозволуваат нормално одвивање на наставата.

    Професорите од „Сами Фрешери„ бараат ново училиште

    Наставниците и родителите се жалат дека во 17 училници, настава посетуваат 1220 ученици во 34 паралелки, без спортска сала и двор, поради што им е загрозена безбедноста на булеварот “Трета МУБ“. Тие денеска се сретнаа со градоначалникот и претседателот на Советот на Општината, додека претставник од Министерството за образование и наука не дојде.

     Просториите каде што е сместено училиштето не одговараат на стандардите на одвивање на редовна настава. Ние бараме да се најде трајно решение со ново училиште и нова зграда, или да се изврши преадаптација на некој објект во градот, за да се одвива наставата согласно потребите и условите  што се определени. Едно време имаше идеја за еден од објектите во касарната, и ако има простор, најдобро да се преселат таму - рече Шабан Зендели од Советот на родители.

    Градоначалникот Зоран Дамјановски во моментот нема решение за проблемот, бидејќи нема слободен простор, ниту пари за изградба на нова училишна зграда. Тој смета дека решението мора да го најде  Владата, затоа што таа го “минирала„ проектот на Општината за трајно решение на проблемот со средните училишта во градот.   

    Неправдата кон гимназијата „Сами Фрешери„ е направена кога Владата во касарната го смести Тетовскиот универзитет, без наше знаење, а ние таму планиравме да се пресели гимназијата. Овој проблем е стар веќе 10 години и мора да се најде трајно решение. Треба да се изгради средношколски центар, но капиталните инвестиции сеуште се во рацете на министерствата. Силно застанувам зад оваа иницијатива, затоа што сметам дека Куманово треба да понуди еднакви услови на сите граѓани и децата да добијат исти услови за учење - вели Дамјановски.

    Тој решението го гледа во некој од објектите на касарната Христијан Карпош, каде ќе се адаптира зграда за потребите на гимназијата.