Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Далибор Станојковиќ, полицискиот службеник во Полициска станица од општа надлежност- СВР Куманово и Игњат Наковски, пожарникар и спасител од Територијалната противпожарна единица Куманово, се прогласени за најдобри професионалци во својата работа во 2021 година во Куманово.
Наградите им ги врачи градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кој истакна мора да се оддаде признание на вистинските луѓе кои се грижат за безбеднсота на граѓаните.
„Од мое име и од име на граѓаните им честитам за покажаната професионалност и се надевам дека ова ќе биде дополнителен поттик за понатамошен успех и позитивен пример за средината во која ја извршуваат својата професионална должност“, истакна Димитриевски.
Тој додаде дека мора да се почитува системот за напредување во кариерата и да се истакнуваат професионалци кои покажале особен успех во работењето во доменот на своите работни задачи.