Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Стојанче Спасовски е најуспешен полицаец, а Видан Трајковски е најдобар пожарникар во 2013 година во Општината Куманово.
По тој повод двајцата денеска беа примени кај градоначалникот и добија скромни подароци за нивните професионални достигнувања.
Традиционално доделуваме подарок за луѓето што се грижат за нашата безбедност. Тоа се претставници на Министерството за внатрешни работи и противпожарната заштита. Во министерството уште не е имплементирана целосно третата фаза од децентрализацијата каде министерството треба со поголем кампус на ингеренции да прејде под локалната самоуправа. Се надевам во демократските капацитети во државата и она што е заложба за децентрализацијата да министерството биде во взаемна соработка со определени служби, администрацијата - изјави градоначалникот Зоран Дамјановски.
Наградените се заблагодарија на своите колеги и институциите каде работат, бидејќи ги предложиле како најуспешни за 2013 година.
Им благодарам на градоначалникот, колегите, командирот од Противпожарна единица за укажаната доверба за најдобар пожарникар за 2013 година. Со ова ме задолжуваат да работам уште понапорно во наредниот период. Имам 29 години стаж зад мене - рече пожарникарот Спасовски.
Полицаецот Видан Трајковски е задоволен со ова признание и за себе кажа дека има 37 години бенифициран работен стаж.
Сакам да изразам благодарност за оваа награда доделена за мојата работа. Со моите колеги заедно успешно се бориме за спречување на криминални дејствија, криминал во Куманово - вели Трајковски.
Локалната самоуправа 9 - та година по ред ги наградува најдобрите вработени во МВР и Противпожарната единица непосредно пред Нова година.