×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пролонгиран рокот за иселување на дивите пазарџии

    14.07.2011 12:04 | KumanovoNews

     На дивите пазарџии што продаваат на тротоарите покрај Зелениот пазар, пролонгиран им е рокот за отстранување на тезгите од узурпираниот простор.

    Пролонгиран рокот за иселување на дивите пазарџии

    На состанокот во локалната сампоупрва, надлежните инспекциски служби и пазарџиите се договорија иселувањето да се изврши за две недели, откако предходно ќе се исполнат неколку услови на задоволство на двете страни.

    Се договоривме со луѓето до 28 јули да ја продадат стоката за да не им пропадне,а потоа дел од нив ќе се вратат на тезгите во зелените пазари, а за големите продавачи со камиони и трактори и приколки ќе се дислоцираат на пазарот во селото Којнаре. ЈП „Пазариште„ ќе изготви проект со кој ќе го уредиме посочениот простор за да можат продавачине непречено да ја вршат својата дејност. Просторот на почеток ќе се тампонира, огради и осветли,ќе се инсталираат санитарни јазли, а ќе има и стражарска служба. Покрај кумановските продавачи, тука ќе бидат сместени и продавачите од Струмица и сите кои сакаат да вршат продажба на големо-изјави градоначалникот Зоран Дамјановски.

    Препродавачите не се во целост задоволни од решението, но сметаат дека немаат друг избор, бидејќи се свесни дека нивноит престој на улица го блокира нормалното функционирање на сообраќајот и претставува грда слика на градот.

    Нашите маки не се од денеска, ние со години се соочуваме со овој проблем.Денеска до некаде го ублаживме проблемот, но не го решивме целосно. Граѓаните на Куманово купуваат исклучиво на зелениот пазар и затоа ние како продавачи на големо сакаме тука да останеме. Во селото Долно Којнаре луѓето немаат навика да одат и да пазарат и затоа мислам дека нема да имам ефект-вели Абдаламан Исмаили од селото Романовце.

    На состанокот беше договорено да се отворат реонски пазари во повеќе делови на градот за да можат пазарџиите и ситните производители на зеленчук и овошје да плаќаат дневна такса и така да ги продаваат своите производи во пазарите, а не на улиците и тротоарите.