×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Промоција на документарниот филм “Голубарот“

    30.10.2013 08:43 | KumanovoNews

     Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ во петок во 19 часот ќе биде промовиран етно - документарниот филм “Голубарот“ на кустос - етнолог Надица Петковиќ, вработена во Народниот музеј Куманово.

    Промоција на документарниот филм “Голубарот“

    Авторката вели дека преку овој филм сакала да го прикаже одгледувањето на гулаби, пасија типична за многу кумановци која не е прифатена од околината. Таа смета дека околината не треба да имаат предрасуди за луѓето кои чуваат гулаби.

    Во филмот нараторот кој е познат по прекарот “Челик“ со една мисла ја отсликува љубовта кон гулабите пред се друго. Навраќајќи се кон минатото од самите почетоци тој ја покажува истрајноста во намерата и се изборил за ова хоби покрај сите потешкотии. Сега е реализиран, блеска од среќа бидејќи гулабите за него претставуваат среќа. Ова хоби во Куманово постои од многу одамна, егзистира и покрај она лошо прифаќање на луѓето од страна на општеството, од страна на останатото население - вели Петковиќ.

    “Голубарот“ е снимен во 2011 година, а досега е прикажуван само на фестивал за етнолошки филмови во Кратово каде добил позитивни оценки од останатите учесници.

    Промотор на филмот ќе биде д-р Владимир Боцев, советник етнолог во НУ Музеј на Македонија.

    Петковиќ досега снимила три етнолошки филмови.