×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Промоција на книгата „Кралот на Алшар и изворот на животот“ од Филип Петровски

    16.05.2023 09:59 | Оливера Пешевска

    Во Занаетчискиот дом во Куманово утре во 19 часот ќе се одржи промоција на книгата „Кралот на Алшар и изворот на животот“ на кумановецот Филип Петровски. Ова е трета книга на авторот - професор по музика во Гимназијата „Гоце Делчев“ Куманово.

    Промоција на книгата „Кралот на Алшар и изворот на животот“ од Филип Петровски

    „Книгата ќе ве замисли длабоку за психологијата и за значењето на животот, и сите идни моменти кои технологијата ќе ни го донесе или однесе преку авантурата што претстои“, стои во најавата на настанот.

     Дејството во книгата се случува низ познати локации на Македонија, во единствениот рудник на свет Алшар, во замокот во Бислим, во храмот на Кокино. Таму се поставуваат прашањата дали дигиталниот човек е еволуција или наскоро ќе се јави како вишок во природата.

    Промотори на книгата се Соња Тодоровска, Анита Цветковска и Љубиша Петровски. Книгата е издадена под покровителство на Општина Куманово.