Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Занаетчискиот дом во Куманово утре во 19.30 часот ќе се одржи промоција на книгата „Ноќни белешки“ од Весна Тодоровска.
Се работи за збирка од 44 песни во кои се обработуваат животните прашања, проблеми и личните размислувања на авторката.
„Она што беше во мене, длабоко закопано, затскриено зад секојдневните обврски и преокупации на крај мораше да излезе на површина. Претражував и прекопував низ ливчињата и белешките на кои сум запишувала по некој стих или мисла, за да сето тоа израсен во збирка поезија, прва за мене“, изјави Тодоровска.
Весна Тодоровска е просветен работник- наставник по македонски јазик и литература во ОУ „Кочо Рацин“ Куманово.