×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Промоција на книгата „Папокот на светлината“ од Венко Андоновски во Куманово

    15.03.2023 11:36 | Сузана Николиќ

    Во Центар за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово утревечер во 19 часот ќе се одржи промоција на книгата „Папокот на светлината“ од Венко Андоновски. Свое излагање за романот ќе има промоторот проф. д-р Кристина Николовска.
      

    Промоција на книгата „Папокот на светлината“ од Венко Андоновски во Куманово

    Приказната во романот е раскажана од три различни гледни точки, но тие се дозирано ограничени, читателот има потполна слобода сам да го креира настанот според сопствените „слоеви“.

    „Папокот на светлината“ е доброволно отуѓување, доброволно напуштање на еден агресивен, перверзен и веќе опасен за душевното здравје свет-нашиот свет на корпоративен капитализам, кој се сведува на цицање крв и тотална униформираност на личноста и нејзината посебност. Таму беше „Не те прифаќаме, оди си, ни пречиш во лагите“, овде е „Си одам, не ми требаат вашите лаги, ја барам Вистината и Светлината“, вели авторот.

    Венко Андоновски е роден 1964 година во Куманово, еден од најчитаните македонски автори во последната деценија. Добитник е на сите домашни награди за проза, драма и критика, како и на меѓународните награди „Балканика“, „Кочиќево перо“ и „Југра“.