Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во малата сала на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово, вечерва во 19 часот ќе се одржи промоција на книгата „Радоста на постоењето“ од Симона Петреска. Промотор на книгата е Александра Филиповска Јанковиќ.
Македонската книжевна сцена се збогатува со ново интересно и вредно дело, кое ги загатнува најважните работи во животот на секој човек. Насловот „Радоста на постоењето“ најавува дека авторката Петреска со оптимизам гледа на големиот предизвик кој почнува со самото раѓање. Всушност, таа веќе подолго време и работи како мотиватор и животен тренер.
Симона Петреска е родена на 14 февруари 1980 година, во Скопје. Дипломирала педагогија на Филозофскиот факултет во Скопје.
Настанот е дел од годишната програма за литература за 2022 година поддржана од Министерство за култура.