×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Промоција на книгата „Скротителка на змејови“ од Дијана Петкова

    24.04.2023 11:20 | Сузана Николиќ

    Во фоајето на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово утревечер во 18 часот ќе се одржи промоција, презентација и популаризација на едно поинакво, автентично дело од авторката Дијана Петкова. 

    Промоција на книгата „Скротителка на змејови“ од Дијана Петкова

    Промотор на делото „Скротителка на змејови“ хаи(бун)наку ќе биде Елена Пренџова, а гости кои ќе го надополнат настанот со своите индивидуални произнесувања се Наташа Малинка - Миновска и Емилија Дамјановиќ.

    „Скротителка на змејови“ е збирка текстови на куса модерна хибридна книжевна форма именувани од страна на авторката Дијана Петкова како хаи(бун)наку.

    Хаи(бун)наку, е нова кратка форма на изразување - вкрстувачки жанр, варјанта на хаибунтот. Станува збор за едноставна форма, достапна за сите оние што сакаат на едноставен начин да му соопштат нешто на светот, форма во која раскажувачот и поетот договориле средба на една страница.

    Дијана Петкова е родена во Скопје каде што и денес работи, твори и живее. Дипломирала на Филолошкиот факултет на групата Македонски јазик со историја на книжевностите на југословенските народи. Автор е на следниве збирки поезија „ Стефанија“(1999), „Деца од свила“(2011), „Нова реалност за просторот“(2013), „Честичка свесност“(2014), „Мамо што има за јадење?“(2016),„Енсо*Поврзување со целоста“(2017), „Поврзи се..“(2018), „Растајнување на светлината“(2019), „Момент на денот“(2020) и „Скротителка на змејови“.