×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Промоција на „Лексикон на странски сликари во Македонија“ и изложба на слики во Занаетчискиот дом во Куманово

    17.10.2023 08:57 | Оливера Пешевска

     Промоција на „Лексиконот на странски сликари во Македонија во период од 1850 до 1950 година“ од Влатко Милошевски и Зоран Андонов, како и  и  изложба на слики од приватната колекција на Влатко Милошевски ќе се одржи вечерва /вторник/ во Занаетчискиот дом во Куманово.  

    Промоција  на „Лексикон на странски сликари во Македонија“ и изложба на слики во Занаетчискиот дом во Куманово

    Колекцијата на слики е на автори од Австрија, Германија, Франција, Велика Британија, Србија односно Југославија и други земји, а 40 слики за прв пат ќе бидат изложени пред македонската публика.

    Во лексинконот се вложени 20 години на колекционарство и истражување, и две години напорна работа во подготовка на книгата. На нешто повеќе од 400 страници, во книгата се наoѓаат повеќе од 250 биографии на странски сликари и повеќе од 500 фотографии со репродукции од нивните македонски дела.

    „Лексиконот ја раскажува историјата на Македонија на еден поинаков начин – низ призмата на уметниците кои ја посетиле во периодот 1850-1950. „Лексиконот“ е замислен да биде мост помеѓу историјата и културното наследство на Македонија. Книгата има за цел да ја престави Македонија не како „балканско јаболко на раздорот“ или „буре барут“, туку како уметничка муза и инспирација со која сите ние треба да се гордееме и да ужуваме во тој наш заеднички културен аманет“,  стои во описот на книгата.

    Влатко Милошевски е пасиониран трагач и колекционер на ликовни уметнички дела. Во приватната колекција на Милошевски се наоѓаат повеќе од 200 оригинални уметнички дела, ретки печатени материјали, репродукции и уметнички книги, што ја покриваат работата на странските сликари во Македонија во периодот помеѓу 1850 ‒ 1950 година.

    Зоран Андонов е новинар кој во изминативе триесеттина години работел во повеќе редакции и медиуми во Македонија. Како новинар работеше на техничко и стилско уредување на бројните текстови од биографиите на сликарите за кои се зборува во Лексиконот.