Промоција на поетскиот алманах во Крива Паланка и Кочани
19.06.2014 08:01
| KumanovoNews
Друштвото на писатели Куманово до крајот на летото, новиот број на поетскиот алманах ќе го промовира во Крива Паланка и Кочани.

- Целта ни е да го промовираме нашето творештво во што повеќе градови. Лани направивме промоција во два града, а сега се надеваме дека алманахот ќе го промовираме и во Велес. Во меѓувреме собираме творби за 5 - от алманах - вели Божана Трајковска, претседател на Друштво на писатели Куманово.
Алмаханот излегува еднаш годишно, а во 4- от алманах се застапени песни од 32 автори од Македонија и други земји на повеќе јазици.