×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Промоција на романот „Трамонтана“ од Наташа Сарџоска во Куманово

    13.10.2021 09:04 | Сузана Николиќ

    Во фоајето на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово, вечрва со почеток во 19 часот ќе се одржи промоција на романот „Трамонтана“ од авторката Наташа Сарџоска. Промотор на романот ќе биде Фросина Пармаковска. 

    Промоција на романот „Трамонтана“ од Наташа Сарџоска во Куманово

     „Роман кој отвара и културолошки прашања, за противречностите на истокот и западот, за таа фатална средба меѓу ликовите, за лажниот сјај на буржоазијата. Роман за љубовта, но не како фокус на романот туку како еден вид награда после таа генералка на битието, љубовта како еден бонус, како билет за во непознат правец каде нема ништо сигурно, ништо безвредно“, вели меѓу другото, промоторот Фросина Пармаковска.

    Наташа Сарџоска е поет, писател, преведувач и толкувач. Перформер, сонувач и патник. Авторка е на поетските книги „Сината соба', „Жива вода“ и „Крстена коска“ а нејзината поезија е препеана на италијански, англиски и српски јазик. Застапена е во неколку антологии на поезијата на македонски јазик, меѓу кои и Антологија на еротска поезија.