×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Промоција на романот „Водни тела“ од Ана Аврамовска во Занаетчискиот дом во Куманово

    21.12.2022 14:10 | Оливера Пешевска

    Во Занаетчискиот дом во Куманово вечерва во 19 часот ќе се одржи промоција на дебитанскиот роман „Водни тела“ од кумановката Ана Аврамовска.

    Промоција на романот „Водни тела“ од Ана Аврамовска во Занаетчискиот дом во Куманово

    Промотор на книгата е Милена Сиљановска, а делови од делото ќе презентира актерот Теоман Максут.

    Музички гости на вечерта се Сара Александровска, Дамјан Поповски и пијанистот Јован Цветковиќ.

    На промоцијата можат да се погледнат делата на локални ликовни уметници од Форма Куманово.

    Првиот роман на Аврамовска е инспириран од Куманово, како било некогаш и сега.  Таа досега има објавувано повеќе поетични и прозни творби.  Долги години живеела, студирала, работела и творела во Австралија. Добитник е на повеќе награди меѓу кои и наградата за поезија од Ред Рум Поетри. Во родниот град се вратила за да работи на својот прв роман.

    Промоцијата е во организација на Фондацијата за култура и спорт на Општина Куманово, а влезот е слободен за сите заинтересирани.