Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утревечер во 20 часот, ќе бидат промовирани три книги од авторите Јасминка Наумовска и Горан Стевчевски-Џина.
Се работи за книгите “Огниште исткаено од сонови“ и “Синиот звук на љубовта“ на Наумовска, и “Есенција на вербата“ од Стевчевски.
“Тоа е психолошка проза за човековото егзистенцијално функционирање. Во “Синиот звук на љубовта“ пишувам дека се повеќе луѓе функционираат врз основа на страст, а не врз основа на љубов и тој процент секојдневно расте, што е алармантно. Колку се поголеми очекувањата, толку се поголеми и разочарувањата во љубовта. Ќе зборуваме за тоа што е љубов, а што заљубеност. Сите заинтересирани можат да дојдат, ќе слушнат убави работи“ - вели Наумовска.
Двајцата автори и се познати на кумановската јавност, и досега неколкупати во Куманово ги промовирале своите дела.