×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Промоција на збирка поезија „Дождови“ од Сузана Божиновска

    10.05.2022 11:48 | Сузана Николиќ

    Во фоајето на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово, утре во 20 часот ќе се одржи промоција на збирката поезија „Дождови“ од нашата сограѓанка Сузана Божиновска. 

    Промоција на збирка поезија „Дождови“ од Сузана Божиновска

    Промотор на збирката е Христина Алексовска, музички гостин Ерди Шахини и водител Ана Љубиќ.

    Сузана Божиновска е родена во Куманово, каде и денес работи и живее.

    Нејзината поезијата изобилува  од експресивни поетски слики со одмерено нијансиран дискурс. На еден суптилен, префинет па на моменти и нежен начин капките дожд паѓаат по „Надеж“, „Чекање“, „Прашање“, „Виножито“ ...

    Поетскиот поглед плени низ стиховите, овозможувајќи внатрешно, емотивно ослободување од секојдневните стегите „Тешко е“, „Можеш“, „Чекање“, „Копнеж“, „Дождот“ ...