×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Промовиран најновиот роман на Филип Петровски кој нуди несекојдневна авантура низ времето и еволуцијата на животот

    18.05.2023 13:56 | Оливера Пешевска

    Во Занаетчискиот дом во Куманово синоќа беше промовирана книгата „Кралот од Алшар и изворот на животот“ на авторот Филип Петровски, професор по музичко воспитание и раководител на оркестарот Симфониум во Гимназијата „Гоце Делчев“.

    Промовиран најновиот роман на Филип Петровски кој нуди несекојдневна авантура низ времето и еволуцијата на животот

    Промотори на најновото дело на Петровски беа професорите по македонски јазик Соња Тодоровска и Анита Цветковска и филозофот Љубиша Петровски. Тие истакнаа дека во овој психолошко-филозофски роман се дава езотерично толкување на сегашноста и се навлегува длабоко во психологијата и значењето на животот, древните списи и еволуција на технологијата.

    Истовремено, во него Куманово зазема значајно место и е дел од бесмртната авантура што престои низ Кокино, замокот во Бислим и единствениот рудник во светот Алшар.
     
    „Од книгата произлегува прашањето колку, каде, како и зошто кралот ги бара одговорите за изворот на животот. Читајќи ја книгата се почувствував како да сум во сон или пак како да сум во некоја сфера од поимањето на свеста. Сонувам сон, чуден сон ,но воедно сум патник, граѓанин на вселената, ослободен од секакви стеги, замки и мисли“, истакна на промоцијата филозофот Љубиша Петровски.

    Романот, всушност, го покренува прашањето за тоа дали дигиталниот човек е еволуција во технологијата или наскоро ќе стане вишок во природата, при што на ликовите кои трагаат по изворот на животот им е дадена посебна душа.

    „Во делото чувствувам невини души кои претаат во страв и измаченост, а се што е изградено без љубов нема да трае долго“, откри некои од одговорите во книгата Анита Цветковска,професорка по македонски јазик.

    Ова е трето дело на Петровски, во издание на Клуб Матица-Скопје, а под поткровителство на градоначалникот Максим Димитриевски и Советот на општина Куманово. 

    Претходно авторот ги има издадено романите “Светот во световите” и “Последната книга на планетата Земја”.