Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во основото училиште “11 Октомври“, учениците го промовираа проектот “И книгата вели - исти сме“ во рамки на кој беа организирани повеќе активности.
Оваа учебна година во периодот од ноември до февруари 95 ученици, 5 наставници и 50 родители го третираа проблемот за интересот за книгата, зголемување на самодовербата преку добиените факти од истражувачките постапки. Акцентот беше ставен на учениците од ромска националност и имаше истражување за животот, културата, јазикот, знаменитостите, историјата и професиите на Ромите под наслов “Дали знаевте дека“.
Ова е проект од мали училишни иницијативи за интеркултурни активности од програмата за образование на Роми. Низ целиот тримесечен период имавме многу активности така што заедно учениците, наставниците и родителите направија истражувачки активности, има цртежи, презентации, изработени полици - рече Мерилин Стојчевска, директорка на „11 Октомври“.
Учениците имаа за задача да пронајдат дискриминација во книгите “Белото циганче“, “Чорбаџи Теодос“ и да ги воочат суштинските животни вредности во книгата “Рибарот и рипката“.
Проектот е финансиран од УСАИД и Фондација отворено општество Македонија.