×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Промовиран проектот „Онлајн маркетинг - можност за зголемување на конкурентноста“

    13.12.2019 13:04 | KumanovoNews

     Проектот „Онлај маркетинг - можности за зголемување на конкурентноста“ има за цел да ги промовира производите на малите и средни претпријатија во меѓуграничниот регион.

    Промовиран проектот „Онлајн маркетинг - можност за зголемување на конкурентноста“

    Како што објасни Марија Митева, финансиски координатор, идејата е претприемачите од Куманово и Ќустендил да поминат обуки, преку кои ќе се запознаат со финкционирањето на онлајн платформата заради зголемување на конкурентноста на нивните производи надвор од границите на традиционалниот пазар.

    Веќе е распишан оглас за проектот, а можат да се учествуваат: занаетчии, земјоделци, претприемачи и сопственици на мал бизнис.

    „Започнато е веќе пријавувањето и изненадени сме тоа колкав интерес има. Се надеваме дека ќе имаме успешен проект со тоа што се пријавуваат луѓе од двете земји. Предвидено е на сите обуки да имаат 60 учесници, по дваесет од двата региони и 20 кои ќе бидат тесно поврзани со проектот. Дел од активностите вклучуваат повеќе обуки, тука во Македонија и во Бугарија. Идејата е да се направи една интеренет платформа каде што ќе можат малите и средените предприемечи да си ги пласираат своите производи“, - изјави Митева.  

    Сите заинтересирани можат да се пријават на [email protected] најдоцна до 27.12.2019.

    Проектот е финасиран од Европската унија, започна во јуни годинава, а ќе трае до октомври наредната година.