×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Промовиран проектот за економска соработка на СИПР и Ќустендил

    20.06.2011 14:24 | KumanovoNews

     Претставници од Центарот за развој на Североисточен плански регион и Областната администрација Ќустендил денеска го промовираа проектот од ИПА фондови за меѓугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија.

    Промовиран проектот за економска соработка на СИПР и Ќустендил

    За проектот “Зајакнување на капацитети за заедничка економска соработка на Регионот Ќустендил и Североисточниот плански регион„, кој вреди 94.520 еура, потпишан е договор на 20.минатиот месец, а треба да се реализира за една година.

    „За да ги зајакнеме капацитетите за заеднички иницијативи за прекугранична економска соработка во двата гранични региона, преку  дефинирани активности ќе се обидеме да дојдеме до резултати кои меѓу другото се и: стратегија за заедничка прекугранична економска соработка на Областа Ќустендил и Североисточниот плански регион со Акционен План,прекуграничен интернет портал за економска соработка,прекуграничен  економски форум  - по еден во двата региона и набавка на сет опрема за видео конференции за двата региона- вели Младен Протиќ директор на СИПР.

    Целни групи на проектот се малите и средни претпријатија, како и големите индустриски капацитети, бизнис асоцијации, трговски комори, како и  вработените во општините задолжени за Локалниот економски развој.

    Одговорни за програмата се Министерството за Регионален Развој на Р. Бугарија во соработка со Министерството за Локална Самоуправа на Р. Македонија