Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По повод празникот Видоведен, Српската зедница во Македонија, регионална организација Куманово, синоќа организираше промоција на книгата „Цар Лазар и Косовски бој„ и списанието „Слово љубве„. Во двете изданија се пишува за историјата и културата на српскиот народ.
Преработувачот на текстовите, како што се нарекува авторот на книгата „Цар Лазар и Косовскиот бој„ Миодраг Цениќ користел повеќе извори за да го создаде овој ракопис со единствена цел кнезот Лазар и Косовскиот бој да ги извади од колективен заборав и да го всади во колективно сеќавање на Србите во Македонија.
Книгата „Цар Лазар и Косовски бој„ првенствено е наменета за децата и се надевам дека ќе им стане драга лектира, а истовремено ќе не потсетува да се гордееме со она што го имаме. Се она што го чуваме во нашето сеќавање треба да го чуваме во литературата. Затоа книгата ја работевме во доволно примероци за да биде достапна на сите. Нашето сеќавање на Косово и на косовските јунаци и денот на видувањето посветен на светиот вид, посветен на прекрасните обичаи на нашите предци- рече Гордана Јовиќ-Стојковска, претседателка на СЗМ, промовирајќи ја книгата.
За првото списание за книжевност и култура на Србите во Македонија, зборуваше Миодраг Цениќ. Тој нагласи дека Слово Љубве во потполност ќе биде во служба на светата љубов на човекот кон заедништвото и кон човековото опстојување.
Освен палетата на различните жанрови на книжевност претставување од разни книжевници и дела на српската, македонската и другите книжевности. Нашето списание е отворено за сите уметници и дејци од областа на културата и образованието, кои ќе ја артикулираат убавината, квалитетот на уметноста и јазикот, но и потребата за освојување на новите светови и подавање раце за добредојде на блиските - рече Цениќ.
На промоцијата свое обраќење имаше и Весна Бабиќ, директор во Агенцијата за малцински права, а во програмскиот дела настапија Горан Зафировиќ на фагот и Елена Костовска на пиано.