Промовирани две книги на Стефан Симиќ
Младиот српски писател Стефан Симиќ, синоќа во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“, промовираше две книги.

Пред публиката ги претстави книгите “Одгласувања на човечкото„ и „Пуштете не“ за кои вели дека се дела со љубовни, човечки приказни, со психолошки, социолошки и филозофски елементи. Симиќ вели дека е присутен на интернет со што привлекол голем број читатели, а неговиот стил на пишување е лесно разбирлив и своите емоции ги изразува преку кратки раскази.
- Книгите ги препорачувам на секој човек, бидејќи на овој свет му недостига човечност и вистински луѓе. Тоа е поентата на се. Да се разбуди човечкото во човекот. Луѓето овде знаат за мојата литература, но Македонија не е само еден град. Промоциите се многу интересни бидејќи има и стенд ап, малку зборувам, малку разговарам со публиката за да биде интерактивно - вели Симиќ.
Тој книгите ги промовираше во Скопје, а денеска промоција ќе има и во Битола.