Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во објектот „Бубамара” на ЈОУ Детска градинка “Ангел Шајче” од Куманово денеска беа промовирани позитивни практики што се спроведуваат во рамки на програмата „Социјална кохезија и културен дијалог“.
„Ангел Шајче“ е избрана за пилот градинка во која се спроведува оваа програма која овозможува баланс на развој на когнитивните вештини и писменоста, со посебно внимание на емоционалниот и социјалниот развој, со примена на нови алатки, стратегии и техники.
Целта е да се подобри квалитетот на предучилишното образование и да се дизајнира програма за воспитувачи во предучилишните установи за подобрување на нивните компетенции и на условите во градинките, за да може децата да развијат свест за својата личност и да научат да ги ценат различностите кај луѓето и околината.
Во програмата се вклучени и семејствата, со што децата имаат можност и дома да продолжат со активности.
Активностите се во согласност со важноста за рано учење и развој, а програмата “Социјална кохезија и културен дијалог” ја спроведува Министерството за труд и социјална политика на РСМ, со поддршка на УНИЦЕФ и амбасадата на Велика Британија.