Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Полицијата го пронајде 47-годишниот жител на Општина Старо Нагоричане, кој пред повеќе од еден месец беше пријавен дека се оддалечил од домот.
„Полициски службеници од Полициската станица Центар го пронашле Б.П. (47) од село Ругинце, општина Старо Нагоричане, за кој на 11 мај годинава беше пријавено дека се оддалечил од домот“, соопшти СВР Куманово.
Лицето било предадено на семејството.