Пронајден починат старец во Табановце
29.07.2013 08:39
| KumanovoNews
На локалниот пат Куманово село Карабичане во близина на селото Табановце, вчера било пронајдено безживотното тело на Ѓорѓија Недељковиќ (76) од Куманово, покрај велосипед.

Телото го пронашол случаен минувач околу 7 часот наутро и го пријавил случајот во полиција. По извршениот увид било утврдено е дека станува збор за несреќен случај. На телото немало траги на насилство, а немало оштетувања ни на велосипедот. Лекар констатирал дека природната смрт настапила пред 12 часа. Најверојатно старецот предходната вечер тргнал кон селото со велосипед и по пат му се слошило и починал.