Пронајдена мртва жена во Младо Нагоричане
12.06.2015 07:32
| KumanovoNews
Во селото Младо Нагоричане во м.в. Травуљаци, синоќа била пронајдена мртва жена.

Безживотното тело го пронашол жител на селото во неговата нива, по што ја известил полицијата. На телото имало изгореници, поради што се претпоставува дека се работи за удар од гром. Увид извршила полициско-судска екипа, по што телото било продадено на обдукција.
Пред две дена во СВР Куманово, внук пријавил дека исчезнала неговата баба, па се претпоставува дека се работи за истата старица.