Пронајдено лице барано по потерница за убиство
11.06.2015 17:44
| KumanovoNews
Шеесет и осум годишен жител на Ваксинце е упасен, по распишана потерница за убиство извршено пред 14 години во Куманово.

Приведениот заедно со уште двајца негови познаници со пиштоли, кои ги поседувале без одобрение, усмртиле едно лице. Причината за убиството е што убиениот се согласувал на брак помеѓу неговата ќерка и синот на ваксинецот. Напаѓачите тогаш отишле пред неговата куќа во Куманово и по кратка расправија започнале да пукаат кон него при што му нанеле четири прострелни рани. Истиот бил пренесен во Ургентен центар Скопје каде на 8 ми Јануари 2001 година им подлегнал на повредите.