Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Владата донесе одлука да ги замрзне цените и на оризот, јајцата и тестенините на нивото од 1 декември.
„Владата на денешната 127-ма редовна седница ја дополни одлуката за определување највисоки цени на одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало со три нови основни прехранбени производи ориз, јајца и тестенини. Согласно одлуката, и цените на овие производи се замрзнуваат на ниво на цените до 1 декември и ќе важат до 31 јануари 2022 година, со цел да се превенираат евентуалните поскапувања на основните прехранбени производи“, соопшти Владата.
Претходно, на 4 декември, Владата донесе одлука за замрзнување на цените на основните прехранбени производи, како леб, шеќер, брашно – тип 400, сончогледово масло за јадење, трајно млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, свежо месо и сувомеснати производи, сирење и урда.
Исклучени се цените на привремените попусти кои важеле на 1 декември 2021 година. Оваа одлука ќе важи до 31 јануари 2022 година.