Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По повод Денот на пожарникарите на Градскиот плоштад вчера за граѓаните беше организирана презентација на новите возила и опрема на противпожарната служба Куманово.
Минатата година противпожарната единици во Куманово се поднови со две нови возила, и денеска ги презентираме пред граѓаните. Нашата единица е подготвена 24 часа да одговори на секој повик на граѓаните-рече Дејан Илиевски, командир на противпожарната единица Куманово.
По повод 175 години организирана противпожарна заштита во Македонија, Територијалната противпожарна заштита Куманово, Дирекцијата за заштита и спасување подели флаери на граѓаните.
На посебен штанд имаме противпожарни апарати,противпжарни црева, хидрантски делови, и друга опрема за гаснење на шумски пожари.Сето тоа е неопходно за нормална и непречена работа на пожарникарите-вели Часлав Јовановиќ, претседател на Друштвото за противпожарна заштита.
Граѓаните, особено помладите покажаа посебен интерес да се запознаат со опремата и возилата.