Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Педесетина стечајни работници од пропаднатите кумановски фирми ги радикализираат протестите денеска го блокираа влезот и излезот на Куманово. Во знак на протест што власта не сака да го реши нивното прашање, тие на крстосницата садеа гранки од дрвја и се приклучија на акцијата Ден на дрвото - засади ја својата иднина.
Денеска е ден на политичарите, бидејќи тие се како дрво, неми, неподвижнии, не сакаат да чујат за нашите проблеми и затоа денеска сакаме да им докажемо дека тие се како дрва кон својот народ. Каква иднина ние може да очекуваме без ниту еден денар во џебот, а власта нема слух за нашите барања. Иднината може да ја чекаме само на улица - изјави Лиљана Георгиевска од Здружението - УНИТ.
Стечајците за идниот вторник закажаа протести на граничниот премин Табановце, каде што треба да дојдат и стечајците од другите градови во државата. Стечајците со цел да ги остварат своите барања, организираа четиримесечен штрак со град и протести пред Владата, но власта не попушта пред нивниот притисок.
На власта добро и се познати нашите барања.Треба веќе еднаш да седне на маса со нас и да го реши нашиот статус.Ние не бараме милостина, си го бараме она што сме си го заработиле. Доколку тоа не се случи, ќе се организираме масовно и со 50 автобуси од цела Македонија, одиме на Табановце. Треба сфатат веќе еднаш, дека ги поминаа сите граници, на нашето трпение - велат стечајците.