Протести за „Монструм„ и во Куманово
09.07.2014 07:30
| KumanovoNews
Денеска во Куманово ќе се одржи протест на граѓани против пресудата за случајот Монструм.
Протестот ќе започне во 13.30 часот пред зградата на ЗИК, а потоа граѓаните ќе поминат по улицата Трета МУБ, Гоце Делчев до пред Основниот суд Куманово. Тука ќе се задржат и ќе го исразат својот револт за пресудите на случајот Монструм. Протестот е пријавен во СВР Куманово од организаторите.