×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Протестираа матурантите во Куманово

    24.02.2015 14:16 | KumanovoNews

    Матурантите од кумановските средни училишта денеска протестираа пред подрачното одделение на Министерство за образование и наука, барајќи да се укине задолжителното полагање математика на државна матура.

    Протестираа матурантите во Куманово

    Учениците велат дека за нив е поприфатливо полагањето да биде како и претходните години, самите да бираат што ќе полагаат помеѓу предметите англиски јази и математика.

    “Протестираме затоа што ни наметнуваат да полагаме математика на државната матура, како трет задолжителен предмет. Тоа се однесува и за нас гимназијалците, а ние сме поделени во пакети. Тие што се на уметничка насока имаат три часа неделно математика, и како можат да полагаат? Овој Протестот беше планиран, не е спонтан, но се надевам дека нема да биде последен. Сакаме да разговараме и да најдеме решение“ - рече Христијан Баневски, ученик во Гимназија “Гоце Делчев“.

    На протестот најголем дел од учениците беа од Гимназија “Гоце Делчев“, но имаше и ученици од “Перо Наков“ и “Наце Буѓони“.