Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
За 15 најголеми општини во државата, вклучувајќи ја и нашатa општина, на сајтот www.fiskalenmonitor.mk, граѓаните можат да проверат како се трошат парите од локалниот буџет.
За да се подигне свеста кај граѓаните за посетување на овој сајт, кампањи ќе има во Куманово, Чаир и Аеродром. Целта е со овој проект граѓаните да се информираат каде и како се трошат парите, а општините да даваат отчет за сработеното.
Опфатени ќе бидат и општините Битола, Охрид, Тетово, Гостивар, Прилеп, Гази Баба, Струга, Карпош, Кисела Вода, Велес, Струмица, Штип, Чаир и Аеродром.
Ова е најнов проект на Форум - Центар за стратегиски истражувања и документација во соработка со Меѓународниот републикански институт ИРИ. Истиот проект се спроведува во Србија и Босна.